• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Протест „Загадувањето убива кога власта е неспособна-Стоп за депониите“

Пред зградата на Општина Тетово вечерва беше организиран протестот насловен „Загадувањето убива кога власта е неспособна-Стоп за депониите“ во организација на ВМРО ДПМНЕ. Од таму побараа одговорност од властите поради немањето основни услови за живот во 21 век.

04/11/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Пред зградата на Општина Тетово вечерва беше организиран протестот насловен „Загадувањето убива кога власта е неспособна-Стоп за депониите“ во организација на ВМРО ДПМНЕ. Од таму побараа одговорност од властите поради немањето основни услови за живот во 21 век.

-Во моменти на пандемија која ги напаѓа претежно белите дробови, власта не осудува и казнува со нечист воздух. 21ви век, а ги немаме основните услови за живот, чиста вода и чист воздух. Некогашниот Мал Париз, урбанистички среден и зелен град познат по чисти улици, свеж воздух паркови, и чиста шарпланинска вода, денес уништен, угнетен, распарчен, загаден и осквернавен. Тетово денес наликува на постапокалиптичен град, истакна Ангел Карапетров, претседател на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Тетово.

Тој потенцираше дека Тетово денес е пример што се случува со едно општество кога постои корумпирана власт на чело на институциите која управува со ресурсите и животите на луѓето.

-Наместо решение за подобар живот добивме повеќе проблеми. Наместо светла иднина за нашите деца добивме пресуда за безнадежност. Но јас велам доста е! Наша должност е да се избориме за следните генерации. Ве повикувам сите, без разлика на верската и етничката припадност да се обединиме и да ставиме крај на ова лудило. Да ставиме крај на корупцијата, негрижата, криминалот. Време е да го вратиме сјајот на Тетово Време е да го вратиме епитетот Мал Париз. Доста е, рече Ангел Карапетров.

И минатата недела ВМРО ДПМНЕ организираше протест пред општинската зграда поради загадениот воздух.

А.С

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Ковид-19 : Починати на 41 и 66 години, 87 новозаболени, 11 оздравени

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.