• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
понеделник, 15 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Протест на жителите од Горно Седларце бараат поевтина патарина затоа што користат само 3 километри автопат

05/02/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Стотина жители на тетовското село Горно Седларце денес протестираа на автопатот Тетово-Гостивар барајќи за нив да има пониска цена за плаќање на патарина.  Тие образложуваат дека од Горно Седларце до Тетово користат само 3 километри и 300 метри, а треба да платат како сите останати 30 денари.

– Ние како село организираме мирен протест, за денеска нема да го блокираме автопатот, но ако нема решение и тоа ќе го направиме. Пример ако оди некој од Тетово кон Гостивар за 24 километри, плаќа 30 денари тука и 30 таму на другата патарина вкупно 60 денари, а ние за 3,3 км плаќаме 30 денари. Ние тражиме решение за нашето село, законски ние треба да платиме само 6 до 8 денари за тие 3,3 километри што ги користиме. Сме пратиле барање до јавното претријатие но нема одговор од таму, изјави Јусуф Беќири, претставник од организаторите.

Тој вели дека нема алтернативен пат, односно дека има други патишта кои биле премногу далеку од градот.

-Може да одиме до Камењане па преку Речица до Тетово а тоа е околу 14 километри, а тука е само за 3,3 километри. А ако одиме преку другата страна преку Брвеница па до Тетово исто некои 15/16километри што е трошок за нас. Пример годишно една кола секој ден да оди во Тетово треба 600 до 700 евра за една куќа за една кола, тоа е многу за нас. Институциите да најдат решение, да не ослободат од ова плаќање или да се најде алтернативен пат, да се изгради таков пат, рече Беќири.

Предлог на населението е да се направат картички за нивното село со кои би плаќале по пониска цена по минување или на одреден период како на месечно или годишно ниво. Селото протестираше и во ноември 2016 година.

-Една година сме биле ослободени од патарина, но почнаа некои села да го злоупотребуваат тоа и да кажуваат дека одат за Горно Седларце. Па имаше 500 до 600 коли кои така поминуваа, а нема толку возила кај нас. Затоа таа практика е прекината. Во меѓувремено имаше луѓе од нашето село кои не плаќаа патарина но се соочија со казни. Затоа бараме решение повторно, рече Беќири.

Горно Седларце има околу 400 куќи.

А.С

Поврзани објави

Актуелно

Во четврток ЖФК Љуботен ќе игра Лига на Шампиони

15/08/2022
Вести

СДСМ : Се залагаме за европско Тетово, затоа на 20 август масовно гласајте за бројот еден

15/08/2022
Вести

За шест часа 149 мерки за брзо возење-од нив 13 биле со 70 км на час над дозволеното

15/08/2022
Вести

Дафина Стојановска: ВМРО-ДПМНЕ во Тетово добива огромна поддршка, во новиот совет ќе биде одлучувачки фактор

14/08/2022
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Во Фалише и Сараќино средбата со жителите ја дава надежта за убедлива и сигурна победа

14/08/2022
Вести

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачески со порака до тетовци дадат поддршка за кандидатите за советници предводени од Глигорије Стојановски

14/08/2022
Следна објава

Дијабетичари по прележан ковид се мачат да гo стабилизираат шеќерот во крвта

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.