• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Професорот Сашко Кедев го искачи Даулагири-седми највисок врв на Хималаите

Сашко Кедев е пријател на голем број тетовци, меѓу колегите лекари како и планинарите и алпинистите

15/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Македонскиот кардиолог, академик и професор Сашко Кедев изминатиот викенд забележа уште еден алпинистички подвиг со искачување на врвот Даулагири со надморска височина од 8167 метри, дел од Хималаите во Непал.

Овој врв е седмиот највисок врв на Хималаите, а Кедев го искачи како дел од 22-члена експедиција, од која 12 Непалци и десетмина странци. Даулагири е планински венец на најзападниот дел од Хималаите, кој до 1832 година се сметал за највисок врв на Хималаите. Покриен е со леденици и прв го освоила швајцарска експедиција во 1960 година. Експедицијата водена од тимот на „Мингма Џи“ е прва сезонава што се искачи на врв над 8.000 метри.

-Кедев, со ова искачување во Даулагири на целото население му пренесува една многу важна порака дека пешачењето, трчањето но и искачувањето до високите врвови  помагаат кон целта да се има здраво тело и дух, особено во времето кога поголемиот дел од светот , се соочуваат со дебелина, но и со разни кардиоваскуларни заболувања, посочуваат тетовските лекари, колеги на Сашко Кедев.

Професорот Сашко Кедев е пријател на голем број тетовци, меѓу колегите лекари како и планинарите и алпинистите.  Кедев има посебни заслуги околу отворањето на интервентната кардиологија во градот Тетово, но и усовршувањето на еден од најдобрите интервентни кардиолози во Тетово, д-р Валон Асани.

На 19 мај 2009 Сашко Кедев, се искачил на највисокиот врв на светот, Монт Еверест. Со тоа, тој стана третиот Македонец кој го има освоено највисокиот врв на светот.

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

За прв пат од постоење на зонско паркирање во Тетово обележани специјални паркинг места за лицата со посебни потреби

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.