• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Д-р Дејан Докиќ советува: За Ковид-19 основно е да се пијат многу течности и да се земе витаминска терапија-антибиотици само при бактериска инфекција

Ц витамин, но претпазливо, затоа што може да ги оштети бубрезите. Цинк, некои антиоксиданси, Д витамин од 2.000 до 4.000 интернационални единици. Но она што е важно, е дека не би сакал граѓаните да земат парацетамол непотребно. На температура 37,2 тие земаат парацетамол. Температурата е дел од одбранбениот систем. Температуратa над 39, само од тие причини се зема да се намали, и тоа не драстично, туку да живне организмот.

02/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Милена Стефановиќ и проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог алерголог во вчерашното гостување во телевизиска емисија во однос на лекувањето потенцираат дека земањето антибиотици на своја рака може да донесе несакани дејства и дека секоја терапија задолжително треба да се зема по препорака на лекар и според соодветните анализи, информираат од Министерството за здравство.

-Превентивното земање антибиотици дефинитивно не е оправдано. Ниту самоиницијативно. Секое несоодветно земање лек, па дури и суплемент може да донесе несакани дејствија. Затоа е тука лекарот, специјалистот кој кажува што треба да се земе, истакна д-р Стевановиќ.

Проф. д-р Докиќ советува за болните од Ковид-19 дека основно е да се пијат многу течности и да се земе витаминска терапија.

-Ц витамин, но претпазливо, затоа што може да ги оштети бубрезите. Цинк, некои антиоксиданси, Д витамин од 2.000 до 4.000 интернационални единици. Но она што е важно, е дека не би сакал граѓаните да земат парацетамол непотребно. На температура 37,2 тие земаат парацетамол. Температурата е дел од одбранбениот систем. Температуратa над 39, само од тие причини се зема да се намали, и тоа не драстично, туку да живне организмот. Антибиотиците строго ќе се даваат онаму каде имате индикација за бактериска инфекција. Ова е вирус, сите знаат и матичните лекари и малите деца. За вирус не се дава антибиотик. Се додека имате симптоми на вирус и немате знаци биохемиски, клинички, лабораториски или на рендгенска снимка дека има бактериска инфекција нема потреба да се зема антибиотик, па и при зголемена температура. Доколку има CRP раст, доколку имате леукоцитоза и покрај тоа што лимфоцитите се намалени при бактериска инфекција, ќе пораснат леукоцитите, ќе пораснат некои други параметри во крвта имате прокалцитонин, тоа е една супстанца која точно ви кажува дека имате бактериска инфекција, имате компјутер точно се знае како изгледа една бактериска супер инфекција на пневмонија, во такви случаи ќе дадете антибиотик по водичите кои тоа го препишуваат, појаснува проф. д-р Докиќза непредвидливоста на Ковид-19 со која се соочуваат здравствените работници.

Д-р. Стефановиќ појасни дека се соочуваат со исклучително тешки пациенти уште при самиот прием, пациенти кои со недели ги лекуваат и кај кои состојбата во даден момент се стабилизира, но потоа нагло се влошува и за жал некогаш завршува и фатално.

Проф. д-р Докиќ, зборувајќи за клиничката слика на пациентите со Ковид-19, истакна дека околу 80 проценти од заразените со коронавирусот го поминуваат во домашни услови, а во болниците доаѓаат оние кои се во тешка состојба и дека тие се сите со многу ниска сатурација. Тој рече дека вирусот SARS-CoV-2 е многу непредвидлив и е опасен и за ризичните групи, но и за оние кои немаат коморбидитети.

-Има пациенти со неколку коморбидитети, па се извлекле. Јас причината ја гледам во самиот имун систем и на кој начин тој успева да се бори. Вирусот е многу подмолен. Го измамува имуниот систем, кој добива погрешна информација. Влегува SARS-CoV-2, го нарушува целиот програм на одбраната и организмот добива сосема погрешна информација и затоа прекумерно реагира со создавање на тие цитокини и таа позната цитокинска бура од која ретко некој се спасува, нагласи проф. д-р Докиќ.

 

Поврзани објави

Вести

Од 21 до 3 часот полицијата открила шест возачи под дејство на алкохол

23/09/2023
Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Вести

Тешко повредена 24 годишна тетовка во судир на мопед и автомобил

22/09/2023
Вести

Изгаснат пожарот на борова шума во Тетовско, пожарникарите ќе дежураат на местото

22/09/2023
Вести

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

22/09/2023
Вести

Приведени малолетник и 18 годишник за насилство, а 30 годишна жена за разбојништво

22/09/2023
Следна објава

На УЈИЕ тридневна меѓународна научна конференција „Мултикултурно образование“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!