• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 17 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Пуштена во употреба спортска сала за основното училиште во Јегуновце 

Има површина од 650 метри квадратни, чини 23 милиони денари-дел од проектот за изградба на 145 училишни спортски сали.

19/08/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во употреба денес беше пуштена новоизградената спортска сала за општинското основно училиште „Александар Здравковски” во селото Јегуновце во истоимената тетовската општина. На настанот присуствуваа Премиерот Зоран Заев, министерката за образование и наука Мила Царовска и градоначалникот Дарко Блажески.

-На површина од 650 метри квадратни, спортската сала се состои од терен за повеќе спортови, две канцеларии за наставници, две соблекувални за машки и женски ученици и е комплетно опремена со спортска опрема и реквизити за играње и изведба на повеќе спортови и спортски активности како кошарка, гимнастика, одбојка и други спортови. Има дел и опрема за здравствено образование и следење на физичкото здравје на учениците што е од исклучителна важност за комплетниот развој на децата, За нас како Влада вложувањето во спортските објекти особено во училиштата е исклучително важен фактор за развојот на прогресивно и инклузивно општество како што е нашето.  Во ова училиште во кое учат околу 220 ученици до 9-то одделение ги создадовме сите потребни услови за современа образована и спортска средина со што се јакне квалитетот на живот на младите генериации, истакна премиерот Зоран Заев.

Министерката за образование Мила Царовска истакна дека Владата е насочена кон развојот на целокупното образование.

-Оваа спортска сала директно ќе влијае на подобрување на условите за учење и спортување но и за условите за практикување на спорт што директно го подобрува здравјето на учениците. Псоветени сме во унапредување на образованието и тоа значи подобрување на три столбови. Прво, инвестирање во подобри програми, за кои јавно дебатираме, а кои од 1 септември треба да почнат со имплементација. Втората работа се квалитетни наставници на кои им се нуди дневна поддршка. Трета работа е инфраструктурата-ако условите се добри и мотивацијата е поголема кај наставници и учениците. Ако со години се инвестираше во стиропор оваа Влада директно инвестира во училиштата, рече Царовска.

Градоначалникот Блажески истакна дека финализирањето на овој голем капитален проект е особена важност за граѓаните на Оштина Јегуновце.

-Сонот за повеќенаменска сала е веќе реалност. По повеќе децении добиваме објект за спорт и рекреација првенство за ученици но и користење за жителите на општината.  Пуштањето во употреба е на заедничка радост, со моја заложба и помош на Владата, МОН успеавме да изградиме современа спортска сала . Пред четири години ветив спортска сала и тоа ветување е исполнето.  Повеќе наменски објект е уреден со реквизити, спортска инфраструктура според најсовремените стандарди за спорт, изјави Дарко Блажески.

За изградбата на оваа спортска сала се искористени 23 милиони денари во рамки на проектот за изградба на 145 училишно спортски сали. Од нив 30 се во средни и 60 во основните училишта веќе изградени, а седум во се во изградба. 

А.С

Поврзани објави

Вести

Николов: Оваа листа на советници е онаа којашто треба да ја добие поддршката на граѓаните и онаа којашто ветува добробит на граѓаните на Тетово

16/08/2022
Вести

Никола Столевски: Гласот на Македонецот во Тетово мора да се слушне во Советот на Општина Тетово

16/08/2022
Вести

Бисера Костадиновска-Стојчевска: Со глас за СДСМ и број еден, гласаме за европско Тетово

16/08/2022
Вести

Битиќи од Тетово: Инвестираме во економскиот и инфраструктурен развој на Тетово, во сабота да гласаме за советничката листа на СДСМ

16/08/2022
Вести

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски со повик за поддршка за советничката листа предводени од Ангел Карапетров

16/08/2022
суд
Актуелно

Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија

16/08/2022
Следна објава

Премиерот Зоран Заев најави регулација на коритото на реката Вардар во Јегуновце со владини средства

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.