• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
понеделник, 27 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Пуштен во употреба нов цевковод со кој вода за пиење се обезбедува за Синичане

07/11/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Жителите во населеното место Синичане во Општина Боговиње од денес вода за пиење ќе добиваат преку новиот цевковод изграден изминатите  некоку месеци.

Во јули и август изградбата на овој цевковод беше причина за несогласувања помеѓу Синичане и Урвич, поради користење на планински извор за вода.  Полицијата во одреден период го прекина изведувањето на работите во насока на превенција на конфликти. До надминување на проблемот дојде по интервенција на Владата.

-Проблемот се реши со волја на Владата, со волја од Урвич, Синичане и јас како градоначалник, имавме средба со тогашниот технички премиер во Влада. Располагаме со целокупната документација и така се реши.  Неколку месеци работа но и полемика и „кревање прашина“, но еве денес дојдовме до ситуација да пуштиме вода за пиење за населено место Синичане. На крај добија сите, се доби правда, добија од Синчане, денес имаат вода за пиење. Целта борба беше само тука да имаме вода за пиење, не беше политика ни ништо, изјави градоначаникот на Боговиње, Албон Џемаили.

Станува збор за неколку километри долга траса со цевки која од планинските извори до Синичане ќе носи 25 литри вода во секунда.

-Вода се користи од неколку извори но треба да се интевенира во мрежата во Синичане, како и во базенот имаме уште многу работа. Основно го немавме, да имаме вода и да работиме. Сега има вода ќе работиме на останатото, рече градоначалникот.

-Вода сме полнеле во другите села, одевме со пластики. Досега имаше вода од канал, за ништо не можеше да се користи и затоа беше оваа иницијатива, изјави Елвир Нуриши жител на Синичане.

Околу 330 куќи и околу 1400 жители има во Синичане.

А.С

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Тетовскиот регион со 821 активни случаи на заболени поради коронавирус

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.