• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Работниците од Тетекс Јарн Лимитед на средба со раководството за платите

Директорот Петар Камбуров им рече дека засега нема исплата на платите поради блокирани сметки на фирмата.

21/04/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Работниците на фабриката за производство на предиво и волница Тетекс Јарн Лимитед Втор остварија средба со раководството на фирмата откако денес по втор пат одржаа протест барајќи исплата на платите за февруари и март.  Директорот Петар Камбуров им рече дека засега нема исплата на платите поради блокирани сметки на фирмата.

-Проблемот со платите е во тоа што бившиот директор и адвокатот на фирмата на 31 март потпишале документи со кои што непрописно се блокирани сметките на фирмата. Секое евро кое ќе влезе на сметката на Тетекс Јарн Лимитед треба да отиде на сметката на адвокатот. Кажувам дека е непрописно бидејќи знаеле дека од 1 април никој нема право да прави блокади на сметките на фирмите. Доколку тоа прашање не се реши нема како да ги исплатам платите на вработените, истакна Камбуров.

Никодин Јовановски, претставник на вработените изјави дека не се задоволни од негативниот одговор.

-Воопшто не сме задоволни немаше конкретни решенија да не убеди дека ќе ни ни ги даде останатите плати што ни ги должи. Ни рече дека наредната недела ќе бидеме во контакт, бидејќи сметката е блокирана, па да видат со адвокатот начин да се одблокира сметката за да ја продаде волницата и на тој начин да не исплати некоја плата, реле Јовановски.

Работниците побараа државните институции да поведат грижа за работниците.

-Не е прифатливо, да нида ва роба па ние да ја продаваме. Нема на кој начин да ја продаваме таа количина на волница. Апел до државата бидејчќи работодавачите манипулират со вработени, да ни помогнат институциите. Преголеми права имаат работодавците да играат со вработените, рече Јовановски.

Над 160 работници немаат добиено плата за февруари и март. Од 1 април не се на работа, а на 16 април јавно протестираа пред фабриката барајќи исплата на платите.

А.С

 

 

 

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Тројца заболени, тројца излечени од Ковид 19 во тетовскиот регион

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.