• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 14 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Разрешена директорката на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“  Теута Лала-таа ја оспорува одлуката на Општина Тетово

12/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Директорката на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово, Теута Лала ги информираше медиумите дека денеска добила решение за разрешување од страна на градоначалникот Биљал Касами за кое најави дека ќе го обжали. Таа посочи дека одлуката е врз основа на ревизорски извештај за кој смета дека е тенденциозно направен. 

-Денеска градоначалникот донесе решение за разрешување од мојата функција директор на тетовската гимназија. Јас сметам дека сето ова е незаконски и јас ќе ги продолжам сите процедури за вистината да излезе на виделина. Сметам дека ревизијата беше многу селективна кон мене, изјави Теута Лала.

Од Општина Тетово информираат дека училишниот одбор на состанок разгледал ревизорски извештај и по констатирани бројни прекршоци, предложил разрешување на директорот и го известил градоначалникот на Тетово.

-Според предметниот извештај, во текот на постапките констатирани се бројни финансиски прекршоци кои го оштетиле буџетот на училиштето и го попречиле нормалното одвивање на воспитно-образовниот процес. По приемот на предлогот на гимназискиот совет со БР 03-201 / 1 од 11.05.2022 година, градоначалникот постапил согласно законските одредби,информираа од канцеларијата за односи со јавноста при Општина Тетово.

Од општината соопшти дека преку овластениот адвокат имаат поведено и постапка за констатирање на законските прекршоци што ги направил директорот.

ас

Поврзани објави

Вести

ВМРО ДПМНЕ: Во Фалише и Сараќино средбата со жителите ја дава надежта за убедлива и сигурна побе

14/08/2022
Вести

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачески со порака до тетовци дадат поддршка за кандидатите за советници предводени од Глигорије Стојановски

14/08/2022
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Тетовчани со искрена поддршка за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ

14/08/2022
Вести

Живе Алексовски : За европско Тетово, за град со развојна економија, на 20-ти август заокружи број 1

14/08/2022
Вести

ВМРО ДПМНЕ : Имаме срдечен прием, позитивни атмосфера и поддршка од тетовчани

13/08/2022
Вести

Бојан Маричиќ: Владата и СДСМ се грижат за Тетово за да биде успешна европска приказна

13/08/2022
Следна објава

Малолетник од Порој доби кривична пријава за бодењето со нож на 16 годишник на 22 април

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.