• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 24 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Раководителот на тетовскиот водовод нападнат во канцеларија поради приклучок за вода

Бил нападнат од жител на градот кој бил незадоволен што не добил приклучок за вода за новоизграден објект. Човекот барал водоводни цевки да има до објектот што се наоѓа на патот од Тетово кон Фалише.

30/08/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Раководителот на работната единица „Водовод и канализација“ при јавното комунално претријатие „Тетово“ Самедин Абедини бил нападнат во неговата канцеларија од жител на градот кој бил незадоволен што не добил приклучок за вода за новоизграден објект. Човекот барал водоводни цевки да има до објектот што се наоѓа на патот од Тетово кон Фалише.

-Јас се потрудив да му објаснам дека на тој дел ЈКП односно водовод нема изградено инфраструктура и му реков да се обрати на сектор за комунални дејности и на ниво на општина. Тие треба да изградат водоводната мрежа за да може водовод после изградена водоводна мрежа да даде приклучок на спомената локација. Тој револтиран затоа што сметаше дека јас лично персонално не му давам вода ме опцу и ме удри два пати со тупаница во пределот на лицето. Интервенираа колегите, главниот мајстор ми беше присутен овде на самото место и двајцата колеги од друга канцеларија набрзина интервенираа го зедоа со сила и го извлекоа надвор и тој отиде во непознат правец, изјави Абедини.

Раководителот образложува дека за приклучок се потребни и многу повеќе документи.

-Тој има само барање кое е архивирано во ЈКП Тетово со барање и има прилог парцела. Апсолутно недоволно за да почне процедура за давање приклучок. Треба да има градежна дозвола, проекти за изградба и останатите документи. Со овие два документи не може ни да се почне постапка за давање вода за пиење, тврди Абедини.

Случајот бил пријавен и во тетовската полиција.

-Шеесет и четиригодишниот С.А. од тетовското село Пирок, вработен во ЈКП„Тетово“, на 27 август 2019 година пријавил дека дента околу 12 часот во неговата канцеларија дошол Н.И. (40) од Тетово и по кусата вербална расправија околу приклучок на водоводната мрежа, физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираше денес СВР Тетово.

 

 

Тагови: нападнатприклучок за водараководител водовод

Поврзани објави

Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Инфо компас

Повик до граѓаните за присуство на едукативна здравствена работилница за превенција на мозочен удар

24/03/2023
Следна објава

Заврши турнирот во мал фудбал во Фалише-екипата „Деко Иги Тим“ е победник

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.