• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Расчистени 24 кривични дела – измама, кривична пријава за осомничениот измамник и помагателот

25/02/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовската полиција поднесе кривична пријава за кривично дело измама за 44 годишник од Тетово и 45 годишник од скопска Копаница за помагање како осомничени за вкупно 24 измами. Двајцата правеле измами така што се јавувале кај луѓе и лажеле дека се случила сообраќајка и барале пари за да се спасат нивните блиски.

-Првопријавениот Р.М. (44) од Тетово во периодот од ноември минатата година до втората половина на јануари годинава, претставувајќи се како бизнисмен од Турција, со приказни за наводно случени сообраќајни несреќи, телефонски измамил повеќе лица вработени во фирми од Бугарија, Србија, Албанија и Косово. Пласирајќи им лажни приказни дека нивни вработени, најчесто возачи, загинале или се тешко повредени во сообраќајни несреќи и дека се потребни пари за погреб или лекување тој успеал да се стекне со противправна парична корист од околу 9000 евра. Парите преку филијали на извесна фирма ги подигнувал С.Ш. (45) од Копаница и потоа му ги давал на Р.М., а тој, пак, за услугата му плаќал од 50 до 100 евра, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Кривични дела за двајцата осомничени се согласно членот 247 од Кривичниот законик.

А.С

Поврзани објави

Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Вести

Тешко повредена 24 годишна тетовка во судир на мопед и автомобил

22/09/2023
Вести

Изгаснат пожарот на борова шума во Тетовско, пожарникарите ќе дежураат на местото

22/09/2023
Вести

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

22/09/2023
Вести

Приведени малолетник и 18 годишник за насилство, а 30 годишна жена за разбојништво

22/09/2023
Вести

Тетовската библиотека доби ветување од Министерството за култура за реновирање на предложените простории и дополнително место за книгите

22/09/2023
Следна објава

Прв сингл и видео на младата тетовска група „Cut your nipple“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!