• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

Реакција на ОК ВМРО ДПМНЕ на вчерашната прес конференција на СДСМ Тетово

Почитуван Бобан Видоески претседател на ОО сдсм Тетово, На ден денешен пред една година ја изигравте волјата на народот за најкруциелното прашање. Заевизмот и лажењето одат рака под рака. Ако не ја испочитувавте референдумската волја, јасно ни е дека бесрамно може да лажете за други проекти, се вели во дописот.

01/10/2019
во Инфо компас
вмро дпмне тетово
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Почитуван Бобан Видоески претседател на ОО сдсм Тетово,
На ден денешен пред една година ја изигравте волјата на народот за најкруциелното прашање. Заевизмот и лажењето одат рака под рака. Ако не ја испочитувавте референдумската волја, јасно ни е дека бесрамно може да лажете за други проекти.

Нас ни е јасно дека во полошкиот регион, не сте направиле ниту еден километар нов пат, па мора да се фалите со одржување на патиштата, што впрочем е и законска обврска на ЈПДП. Кога сакате да зборувате за туризмот на Попова Шапка, освен, што ви треба скоро цел мандат да довршите еден капитален проект од претходната Влада, каков што е изградба на шестоседот, не интересира кој капитален проект вие реализиравте на туристичкиот Центар.

Дали ја пуштивте во употреба жичарата од Тетово до Попова Шапка?
Колку нови сместувачки капацитети изгради ЕЛЕМ турс?
Колку нови скијачки патеки направивте?
Дали направите систем на вештачки снег? Вие и снегот даден од природата не знаете да го истапкате, па скијачката сезона ја сведовте на само две недели.

Ќе проработат ли конечно ски лифтовите? До каде е деталниот план за Попова Шапка? Дали имате стратегија воопшто за равој на туристичкиот центар и со нови содржини да привлечете туристи на Попова Шапка, па природните убавини да не останат единствен адут.

На кого му одговара природните реткости на Шар Планина да не бидат заштитени како национален парк.Прашуваме дали единственото што има иднина на Шара е шумската мафија?

Овие одговори, граѓаните ги заслужуваат. На денешен ден, пред точно една година народот ви кажа јасно дека не се согласува со вашите погубни политики. Може да одложувате, но народот ќе ви каже што мисли и за вашите нереализирани ветувања на наредните избори , кога и да соберете храброст да се соочите повторно со волјата на народот. ВМРО-ДПМНЕ е тука.

Со почит, ВМРО-ДПМНЕ ОК ТЕТОВО.

 

Тагови: ок вмро дпмнеоо сдсм тетовореакција

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 28 март

27/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 27март

27/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Инфо компас

Повик до граѓаните за присуство на едукативна здравствена работилница за превенција на мозочен удар

24/03/2023
Инфо компас

Прекини во напојување со електрична енергија на 23 март

22/03/2023
Следна објава

Универзитетот во Тетово со свечена церемонија за новите студенти

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.