• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

Реакција на ОК ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата на ОО СДСМ

Оптшинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ испрати реакција на вчерашната прес конфреренција која ја одржа Слободан Зафировски, член на извршен одбор на општинската организација на СДСМ од Тетово.

25/09/2019
во Инфо компас
вмро дпмне тетово
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Почитуван, Слободан Зафировски, член на извршен одбор на ОО сдсм Тетово. Жалосно е што млад човек како вас, кој треба да делува и размислува самостојно како индивидуа, дозволува да биде искористен како пропагатор на лажни вести кој искажува неосновани лажни факти и осуди. Жалосно е што и името ви е Слободан а сте заробени во погубната политика која ја спроведува партијата во која сте член.

Но нам ни е јасно, решенито за неопределено работно време и вработување треба да се сработи, па така да очекуваме деновиве следниот прес на ОО сдсм од Тетово да биде следен кандидат за вработување, па би Ве замолиле да дадете одговор на следниве прашања: Дали е точно дека сдсм намерно ја палеше депонијата за да дојде вашиот претседател Зоран Заев и да ја “реши работата”? Дали е соодветно третирано земјиштето каде што беше дивата депонија? Дали вашите министри и заменици ќе поднесат пријава за тешки дела и нарушување на здравјето на граѓаните на општина Тетово кое свесно и намерно е предизвикано од вашиот коалиционен партнер Теута Арифи?

Дали вашите советници гласаа за раскинување на веќе постоечки договор за третман на отпадот во Тетово и дали за истото имаше арбитражна постапка и дали и колку општина Тетово плати казна за раскинувањето на договорот? Кој и нудеше пари на невладината организација “Еко Герила” за да не ја сензибилизира јавноста во Тетово? Дали едниствената еко акција на сдсм е затворање на Југохром каде свесно се изврши егзодус на македонското население? До каде е изградбата на филтрите за прочистување на Југохром за кои државата даде пари а каде Заев јавно на прес се пофали дека ќе профункционира до крајот на 2018? Дали е точно дека локацијата за претоварната станица за отпад е на висок функционер од коалицијата сдсм-дуи?

Си се запрашал ли заробен Слободане зошто деновиве нема загадување? Одговорот е многу лесен, затоа што мерните станици се исклучени! А тој едноставен проблем може да го решите на неколку начини, или да издвоите пари од реформскиот буџет или да позајмите пари од рекетот на Боки 13. Сепак граѓаните на Тетово треба да знаат колку “квалитетен” воздух дишат?

И за крај, мислам дека е време да се освестите и да се разбудите од зимскиот сон бидејќи ниту успешно спроведовте реформи за бенефит на граѓаните ниту спроведувате некаков план за живот. Живот има само за вашата криминална коалциција која е впуштена во матни зделки, рекети, уцени и останати криминогени активности кои вам Ви се добро познати.

Со почит, ОК ВМРО-ДПМНЕ Тетово

Тагови: ок вмро дпмнереакција

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 28 март

27/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 27март

27/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Инфо компас

Повик до граѓаните за присуство на едукативна здравствена работилница за превенција на мозочен удар

24/03/2023
Инфо компас

Прекини во напојување со електрична енергија на 23 март

22/03/2023
Следна објава

По пет години од затрупувањето повторно протече вода на извор кај тетовско Бањиче

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.