Центар за комуникации и односи со јавност при општинската организација на општинската организација на СДСМ Тетово испрати реакција на прес-конференцијата на претседателката на Унијата на жени при ОК ВМРО ДПМНЕ од Тетово.
-Празни зборови преточени во прозна творба запишана на салфетка сред тајна кафеанска седенка. Зборови кои тежат исто колку што тежеше и фб статусот на почитуваната Анита Бошкоска Јовановска, за заболените сограѓани од коронавирусот. Статус кој само по 15 минути беше избришан, а Бошкоска Јовановска јавно се извинуваше за изнесените невистини.
Класична ДПМНЕ матрица, поткрепена од турбините на хидро Мицкоски. Без конзистентен став и поразителни политики со бледи обиди да се задскријат зад национал-патриотизмот. Како член на партија која патриотизмот го купува за пари (200 илјади евра) колку вам Бошкоска Јовановска ви плати авторот за читање на есејот? Додека СДСМ вели “нашата земја” Дурловски и ДПМНЕ прават практична примена на истиот термин со купување на државно земјиште спечалено од наплатата на својот квази-патриотизам.
Повеќе од јасно е, Република Македонија ви служи како фраза единсвено за употреба на партиски прес-конфернции, додека вашите пратеници земаат плата од Собранието на Република Северна Македонија. На крајот во вашето есеистичко издание посветено на СДСМ, повторно не слушнавме конкретни ставови и решенија кои вие и вашата партија им ги нудите на граѓаните. Велите ќе ја обновите Р.Македонија, без притоа да кажете како. Ќе го укинете Договорот од Преспа? Бидете чесни и дадете им одговор на граѓаните, се вели во реакцијата од Центар за комуникации и односи со јавност при општинската организација на општинската организација на СДСМ Тетово