Семејството на 77 годишниот Б.В жител на Тетово кој во петокот почина и за кого беше спроведена обдукција поради гребаници на вратот упати реакција до јавноста и институциите по повод новинарската објава за смртта.
-Смртта на нашиот татко ни нанесе голема болка и тага. Нашиот татко почина од класичен инфаркт и природна смрт, факт што е наведен во извештајот на судска медицина што го доставуваме до медиумите. Итната медицинска помош констатираше гребаници на вратот, кои се последици на низа здравствени околности но не се директна причина за смртта на нашиот татко. Ние поднесовме барање од Министерството за здравје да се испита дали соодветно е направена постапката констатирање на смрт кај нашиот татко. Ние достојно го испративме нашиот починат родител и сме во голема тага, велат Н.В синот и Р.Б ќерката на починатиот.