• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 29 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Регионалнен одбор на СОНК Тетово: Штрајк во над 30 училишта, притисоци нема

Регионалниот одбор на Синдикатот за образование и наука и култура за Тетово информира дека во сите 30 училишта каде наставниците се членови на синдикатот непречено го одржуваат предупредувачкиот штрајк.

02/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Регионалниот одбор на Синдикатот за образование и наука и култура за Тетово информира дека во сите 30 училишта каде наставниците се членови на синдикатот непречено го одржуваат предупредувачкиот штрајк.

-Се се одвива според најавеното, предупредувачки штрајк има во 30 училишта каде што имаме наши членови. Нема притисоци, а имаме информации дека и оние кои не се членови на Синдикатот се солидаризираат и не одржуваат настава. Наставниот процес продолжува од утре според редовните програми, изјави претседателката на одборот, Теута Сејфулаи.

Од тетовскиот одбор потсетуваат дека наместо предупредувачкиот штрајк наредниот месец може да има генерален штрајк.

-Мотивацијата е ниска кај наставнциите, далеку се од порсечната плата во државата. Потребна е погоелем сигурност исто така бидејќи се намалува бројот на ученици и часови.  Нема кариерно унапредување и многу други проблеми, објаснува генералниот секретар на тетовскиот одбор Зоран Грковски.

Од општина Тетово соопштија дека таму каде што е побарано во училиштата се обезбедени простории за одвивање на штрајк според законските одредби.

-Синдикалните организации ги информирале училиштата и се почитува нивното право на штрајк, изјави Ахмед Ќазими, раководител на Секторот за јавни дејности при општина Тетово.

На подрачјето на општина Тетово од утре се очекуваат со настава да почнат над 1100 првачиња како и 1700 средношколци во прва година.

 

Тагови: образованиепросветни работнициштрајк

Поврзани објави

Вести

ВМРО-Народна партија Тетово ќе настапи со самостојна листа за избор на Совет на Општина Тетово

28/06/2022
Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Следна објава

СВР Тетово : Во контејнер најдена автоматска пушка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.