Пластични шишиња, мебел и друг вид разни видови отпад е сликата долж речиси целиот водотeк на реката Пена во Тетово. Во сите периоди од годината оваа река ја покажува несовесноста на граѓаните и негрижата на институциите кон природата. Од Движењето „Мајка и дете“ алармираат дека долгогодишната ваква состојба носи повеќе опсежни последици по здравиот живот на целото население.
-Овој отпад особено пластичниот отпад во реките исто така делува во контаминација на подземните води, бидејќи водата од реките во неколку подрачја се служи за наводнување на земјоделските производи и површини. Затоа во отсуство на контрола и санкционирање на овие несовесни фрлачи на отпад на ѓубре во неколку предели во градот,а особено во коритата на реките и крајбрежјата на истите, доведува до креирање на многу мали диви депонии насекаде, изјави Нарта Каса Исени од Движењето.
Соговорничката потсети дека токму на овој дел од реката во 2015 година беше најголемото излевање на реката во градот и поплавување на реонот. Крајно време е државата и локалната власт да најдат трајно решение.
-Мислам дека не само регионално туку и национално ниво треба да се најде решение за селекција и рециклирање на отпадот и граѓаните да можат совесно да се однесуваат со секаков вид на или комунален или интертен отпад, меѓутоа тоа решение со години го гледаме дека не се наоаѓа. Само за време на избори овој дел тука се прочисти, изјави Нарта Каса Исени од Движењето.
Од Општина Тетово велат дека имаат акционен план за чистење на речното корито.
-Имаме склучено договор со градежна фирма, штом се подобрат временските услови и со намалување на водостојот на река Пена, ќе започне акцијата за чистење на реката. Имаме констатирано исфрлање на разновиден отпад во реките од страна на Н.Н лица, а најголем проблем претставува делот од коритото на река Пена во населба Деребој каде често се вршат контроли од наша страна,но лицата кои се затекнати како исфрлаат отпад немаат документи за легитимација и не можеме да ги санционираме, велат во соопштението од Општина Тетово.
Според општинскиот одговор, нема утврдено испуштање на отпадни води т.е загадување на реките од субјекти кои имаат елаборати за заштита на животната средина.
Александар Самарџиев за ТВ Алфа