Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1213 тестирања, а регистрирани се 196 нови случаи на Ковид-19 од кои 45 се во тетовскиот регион. Сега вкупно се 380, од кои активни 209 случаи.
Во Македонија се бележат 11 оздравени пациенти како и осум починати. Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 3895, бројката на оздравени пациенти е 1705, на починати е 179, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2011.