• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Речиси руинирана состојба во ателјеата на третиот кат од центарот за култура, новиот директор најавува повеќе ред и дисциплина

04/03/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Освен што нема струја на третиот кат во тетовскиот центар за култура, сите простории се и нефункционални и во речиси руинирана состојба. Двете поголеми простории кои се ателјеа за уметничка работа се полни со расфрлани отпадоци, отпушоци од цигари, оштетен инвентар, ѕидови, врати и прозорци. Исто така не функционираат тоалетите. Ваквата запуштена состојба ја затекнал и Арлинд Хусеини, кој пред еден месец стана директор на оваа установа.

-При првичната ревизија на состојбите утврдив дека станува збор за неколку лица кои ги користеле овие простории и за кои не се водело грижа. Воедно тие простории се користеле по сопствена волја на неколкумина поединци без соодветна дозвола, работно време и согласност од раководството на центарот, објаснува Арлинд Хусеини.

Како што веќе информиравме Центарот предвидува реконструкција на покривната конструкција, а директорот сака да се најдат средства за да се среди проблемот со струјата на третиот кат како и неговата функционалност.

-Ќе барам повеќе средства да се обезбедат за да се уреди целиот кат и да се оспособи неговата функционалност. Воедно сметам дека ќе треба да се воведе повеќе ред и дисциплина во користењето на ателјеата. Односно секој кој сака да ги користи просториите да побара согласност, да се се воведе распоред и начин на кој може да се користат ателјеата, да се почитува работното време во центарот и слични работи со кои ќе воведеме повеќе ред и дисциплина во функционирањето, објаснува Арлинд Хусеини.

Според плановите на Хусеини во иднина ќе се работи и на преуредување на просториите на другите катови со цел да се овозможи вработените во Центарот да добијат соодветни канцеларии. Во рамки на систематизацијата кај вработените има четири унапредувања и ново вработување на позицијата кустос.

А.С

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

Теута Арифи : Природна непогода ја оштети цевката, благодарност за работниците на ЈКП

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!