• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Речиси секој ден сообраќајки во Брвеница, општината најави поставување грпки на патот за поголема безбедност

19/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Сообраќајна незгода денес околу 13 часот на регионалниот пат од Тетово кон Брвеница односно влезот во селото резултираше со судир на две возила, полесно повреден возач, излетување на еден автомобил и кршење на дрвен столб од телекомуникациска мрежа.  

Полицијата и вчера евидентираше незгода во која повредена беше 35 годишна жена пешак откако во неа удрило возило управувано од 30 годишен возач.

Регионалниот патен правец Р2233 од Тетово кој минува низ Брвеница е делница на која често пати има сообраќајни незгоди во кои и имало и смртни случаи.  Поради честите незгоди од општината најавија поставување грпки на патот поради пребрзо возење.

-Чувствувам обврска да апелирам за совесно и безбедно возење низ патиштата и улиците во општина Брвеница, во спротивно ќе ни се случуваат несреќи Јас како Градоначалник, во консултации со надлежни лица предложив а Советот на 24.02 2022 година, едногласно прифати изработка на Основен сообраќаен проект за забавување на сообраќајот во општина Брвеница и за многу кратко време истиот ќе биде готов и доколку добиеме согласност од МВР, веднаш ќе донесам решение за поставување на сообраќајна опрема за забавување на сообраќајот во населени места и пред училишта. Тоа што со години не е направено а сега се прави за безбедноста во сообраќајот во општина Брвеница во никој случај не ја исклучува обврската да бидеме совесни и внимателни возачи и пешаци, порача градоначалникот Јовица Илиевски.

Во 2010 година смртно беше прегазено четири годишногодишно дете, а во 2012 година 40 годишник.  Чести се и излетувања од патот, па возилата завршуваат во дворовите на куќите на главната улица низ Брвеница која е дел од регионалниот пат Р2233 или Тетово-Чегране.

ас

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Вести

Дете повредено со нож од друг малолетник

30/01/2023
Вести

СВР Тетово: Изминатиот викенд еден малолетник затекнат во угостителски објект на улица „ЈНА“

30/01/2023
Следна објава

За неколку часа вчера приведени осум лица поради најдена дрога

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.