• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 4 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Родителите алармираат за небезбедност на учениците при одење во ОУ „Гоце Делчев“

11/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Група родители на ученици од ОУ „Гоце Делчев“ во Тетово од денес почнаа да испраќаат барања до институциите со цел да укажат на проблемите со безбедноста кои ги имаат нивните деца кога одат или заминуваат од училишниот објект.  Тие алармираат дека улицата „Иво Лола Рибар“ е небезбедена од сообраќаен аспект како и поради комуналниот неред.  На овој потег се одлучиле поради честите неприлики на децата, а особено по инцидентот во средата кога шест годишно девојче е удрено од возило.

-Сакаме да укажаме на општината, МВР, комунално претријатие, Министерството за образование, инспекторати и други дека се случија многу немили настани за безбедноста на нашите деца. Имено се работи за сообрќајниот хаос, бидејќи нашиве деца нема кај да поминат, нема тротоар. Гужва има од сообраќај од коли и се случи немил настан што е удрено едно девојче. Се наоѓаат контејнери пред самото училиште каде што има ѓубре и се собираат кучиња скитници. Децата често пати се каснати од кучињата и не можат да влезат во самото улилиште, изјави Дарко Петровски, член на родителската група.

Тие денес имаа состанок и со директорката на која и беше укажано за тие ситуации.

-И таа сама поднела многу барања до сите инститциии каде што не е и одговорено нити преземени мерки. Ние како група на родители ќе поднесеме барање до сите институции, да се преземат мерки, да се отстранат контејнерите, да се затвори улицата или да се пренами во еднонасочна и во гужвата од 12 часот во периодот кога излегуваат и влегуваат децата да биде затворена за сообраќај. Да се забрани, строго за тешки товарни возила, како што гледате проаѓаат тешки товарни возила од кипери и носачи на цименто. Да се преземат мерки, ако не се случи тоа ние ќе преземеме како родители порадикални мерки, односно да блокираме ние улицата или да не ги праќаме децата,  изјави Петровски.

-Секој ден родителите стравуваме кога идат децата на училиште. Да не го изгаси возило, да не го изкаса куче, хаос е. Не знам зошто не може да се реши со двајца полицајци, МВР, да ги постави тука, да се надмине овој хаос. Тука има и музичко училиште подоле, исто не можат не можат да поминат. Газиме преку смет, се пазиш од коли.  Најголема болна точка е со возилата, изјави родителот Ѓорѓи Симовски.

Од општина Тетово информираа дека можноста за измени во сообраќајниот режим,односно воведување на еднонасочно движење на возилата на улицата “Иво Лола Рибар”, поточно,делот пред О.У. “Гоце Делчев”,треба најпрво истото да се анализира и пред да се спроведе,треба да се добие согласност од СВР Тетово.

-Вакво барање веќе има стигнато до општината.Истото ќе се разгледа и доколку се покаже дека е потребно и оправдано,ќе се реализира.Во однос на контејнерите кои се пред влезот на училиштето,локациите за нивното поставување се одредуваат од страна на Секторот за урбанизам во општина Тетово.Надлежните ќе го разгледаат и ова барање.  Локаците за поставување на контејнерите се одредуваaт од страна на Сектор за урбанизам при Општина Тетово, бидејќи граѓаните одбиваат  да се превезме отпадот куќа по куќа па сме принудени да поставиме контејнери на оваа локација, соопштија од Општина Тетово.

Од СВР Тетово соопштија дека полицијата секојдневно патролно ги покрива и сообраќајните приоди кон основното училиште „ Гоце Делчев“ во Тетово, како и просторот околку училишниот објект.

-Полициското присуство наредните денови дополнително ќе се засили, со цел да се пресретнат или санкционираат евентуални проблеми од безбедносна природа и карактер.  Што се однесува до измени на сообраќајниот режим пред училиштето, евентуалните измени се во директна надлежност на тетовската локална самоуправа, но по претходно добиена согласност за нив од СВР Тетово.Измените доколку се предложат и усвојат од локалната самоуправа, потоа адекватно ќе треба да се операционализираат со поставување на соодветни сообраќајни знаци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

 Според согледувањата на СВР Тетово, инаку круцијален проблем за состојбите на кои реагираат граѓаните, е неадекватната инфраструктура во тој дел од Тетово, која не е димензионирана и не одговара за постоечката и идна поголема фрекфренција на возила и луѓе.

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

За четири часа казни за 20 возачи кои не давале првенство на пешаците

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.