• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Саат маало со иницијатива за поубаво Тетово

Тетовци кои живеат во Саат маало вчера одржаа заедничка еколошка акција за расчистување на нивниот парк. Тие покренаа и иницијатива „Пубоо“ (Поубаво) на социјалната мрежа Фејсбук, со идеја нивниот пример да го продолжат и другите сограѓани низ Тетово.

28/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовци кои живеат во Саат маало вчера одржаа заедничка еколошка акција за расчистување на нивниот парк. Тие покренаа и иницијатива „Пубоо“ (Поубаво) на социјалната мрежа Фејсбук, со идеја нивниот пример да го продолжат и другите сограѓани низ Тетово.

-Ние се собравме 20-тина маалци и го исчистивме паркот.  Идејата е да заедно да придонесеме за поубаво наше маало. Чистата животна средина зависи од сите нас. Ние се собравме и ги собравме  отпадоците и исчистивме зеленилото околу паркот, како и тротоарите и улиците. Побаравме од комуналното претријатие на крај да дојдат и да го измијат местото со вода, што беше направено од нивните страна, вели Драган Гавровски, еден од иницијаторите.

Иницијативата е со цел да се зголеми свеста и совесноста кај луѓето па и другите сограѓани да се приклучат во наредните акции во Саат маало. Исто така да се поттикнат и другите граѓаните од населбите низ Тетово да почнат со расчистување на сметот расфрлан низ нивните маала.

-Мора да се одржува и понатаму таа чиста средина како што секој од нас по дома редовно се грижи за чистотата  и хигиената. Се надевам дека иницијативата ќе биде прифатена и од други маала и места низ градот, затоа што знаеме цело Тетово со колку многу расфрлан смет се соочува, рече Гавровски.

Саат маало е познато во Тетово и по својата мултикултурна слика.  Тука свои домови имаат семејства од сите етнички заедници, а карактеристика е нивното заедништво и соживот.

Тагови: еко свестпубоосаат маалоТетово

Поврзани објави

Вести

Полицијата „растури“ со казни за брзо возење-164 казнети од 10 до 15 часот

01/10/2023
Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Следна објава

Приведен тетовец осомничен за предизвикување пожар на Шар Планина

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!