• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 7 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Самка Ибраимовски најави оставка во ЈП „Македонија пат“ затоа што не биле исполнети ветувањата кон ПЦЕР

26/12/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Самка Ибраимовски, претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите-ПЦЕР најави оставка од функцијата заменик-директор на Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта  „Македонија пат“ образложувајќи дека како партија не ги добиле ветувањата за нивно учество во извршната власт. Оваа одлука е донесена по денешниот состанок на централното претседателство на ПЦЕР што се одржа во Тетово.

-Утре ќе ја депонирам мојата оставка од причини што не се исполнети ветувањата кои требаа да се исполнат кон нашата политичка партија. Втората одлука е сите едногласно по барање на повеќе ромски политички партии утре да имаме лидерска средба со сите ромски партии – да се донесе ромска платформа каде што ќе настапуваме заеднички на следните парламентарни избори. И тоа беше усвоено едногласно. Трета работа остануваме во коалиција со СДСМ се до средбата со новиот мандатар Ковачевски да видиме кои се неговите мислења во делот на нашата коалиција односно дали ќе има парче колач од она што е ветено да се даде на ПЦЕР, истакна Самка Ибраимовски по состанокот.

Според Ибраимовски, ПЦЕР како една од најстарите коалициони партнери од осамостојувањето на Македонија на СДСМ, сега од новиот мандатар Ковачевски ќе бара поинаков да биде делот на учеството во институциите од неговата партијата.

-Требаше да бидам генерален директор на Македонија пат, не се исполни тоа ветување и нормално е да се повлечам и да оставам простор да биде некој од членовите на СДСМ да ја преземе таа функција. Не успеавме на некој начин и политичката ситуација која беше во државата, беа локалните избори, кога требаше да настане таа промена, дојдоа локални избори, се одолговлечи времето и јас одлучив да ја депонирам оставката и да останеме во коалиција се до разговор со новиот мандатар Ковачевски, потенцира Ибраимовски.

Првиот човек на ПЦЕР рече дека Ромите во државата се околу 100-120 илјади и очекува во пописот да бидат 7% од вкупното население.

-Јас и прошлиот попис не го признав така и сега ако биде процентот исти како што е нормално дека нормално дека нема да го прифатам 100 процентно бидејќи ние ја знаеме бројката на Ромите во Северна Македонија и се што ќе биде испод овој сегашен процент што го има ќе биде негативно оценет. Нашите проценки се дека има 100-120 илјади Роми, сега има 2,66% или по наше треба бидеме над 7 %., рече Ибраимовски.

На конгрес во 2019 Самка Ибраимовски доби нов мандат, да ја води партијата уште четири години.

Поврзани објави

Вести

Промоција на носителот и кандидатите за советници на СДСМ за општина Тетово ќе се одржи утре 19 часот во Жена Парк

07/08/2022
Вести

Ангел Карапетров: Тетовчани заслужуваат промени-ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти важни за Тетово

07/08/2022
Вести

Промовиран Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов

07/08/2022
Вести

Наумче Мојсовски: Тетово да продолжи да се развива и модернизира, Да гласаме за број 1 да гласаме за европско Тетово

06/08/2022
Вести

За четири часа 46 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

06/08/2022
Вести

Пронајдена дрога во тетовско, приведени седуммина  

06/08/2022
Следна објава

За богатството со култура, духовност и историја на Лешочкиот манастир говори документарниот филм „Тајните на Полошкиот Ерусалим“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.