• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Самостојна изложба „ШкрабАрт“ на Гоце Божурски во Тетово

Четириесетина сликарски дела на авторот се изложени од вечерва во Уметничката Галерија во Тетово. Делата ќе може да се погледнат во текот на оваа недела.

02/12/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

„ШкрабАрт“ е насловена  самостојната изложба на Гоце Божурски со која се претставува пред публиката во Тетово. Четириесетина сликарски дела на авторот се изложени од вечерва во Уметничката Галерија во Тетово. Делата ќе може да се погледнат во текот на оваа недела.

Сите слики се поставени и во пригодна брошура која посетилите имаа можност да ја добијат, а воедно да ги прочитаат големиот број поговорни реченици за делата на Божурски.

-Мина Палаи (од Пиза, Италија) за Божурски вели дека е уметник од висок ранг кој тешко може да се класифицира во рамките на вообичаените шеми, а Владимир Величковски ја одбележува „поетиката на просторот“, додека познатиот ликовен критичар Никола Кусовац (од Белград) смета дека делата се стилски беспрекорно вообликувана целина на еден вид „носталгичен реализам“.
Според Петар Петровиќ (критичар од Белград) по определба Божурски е реалист, згора на тоа и изразит натуралист, но во позадината на сето тоа се крие чувствителна природа на интимист, а Војислав Вујановиќ (критичар од Сараево) вели дека изведбата на делата импресионира, но оформената минуциозност треба да се набљудува во функција на нагласување на духовно/исконскиот аспект, се наведува во брошурата.

Главниот рецензент Миџаит Положани истакнува дека Божурски е култивиран уметник и поетичен лирист чиј ликовен јазик истовремено е хиперреалистичен, асоцијативен, апстрактен и концептуалистички. За Ефтим Клетников уметноста на Божурски е толку многу „лирска“ и есенцијалистичка, апсолутно блиска до поезијата, а за Љубен Пауновски деликатноста на мајсторијата лежи во привидот на едоставноста.

Божурски е роден 1958 година во Куамново, а дипломирал историја на уметност во Скопје во 1984. Од 1983 има настапувано на 40-тина изложби и е добитник на десетина награди.

 

Тагови: гоце божурскисамостојна изложба

Поврзани објави

ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија на 22 март

22/03/2023
Следна објава

Трибина : Семејно насилство над жените и насилство кај младите

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.