• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Само два дена со чист воздух во двете недели од ноември во Тетово

15/11/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во текот на двете недели од ноември само во два дена воздухот бил чист односно немало надминување на граничната вредност од 50 ПМ10 на метар кубен, покажуваат мерењата на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух за Тетово.

Претходно во октомври 2021 од вкупно 31 ден во 11 имало загаден воздух, покажува месечниот извештај.

-Состојбата се должи на неповолните временски услови-антициклон сончево време без ветер. Секако и секако основниот проблем, почеток на грејна сезона и користење на ложишта со фосилни горива како дрво, нафта и јаглен.  Дополнително придонесуваат и сообраќајоти и индустријата, изјави Д-р Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје во Тетово.

Според него иако Тетово беше опфатено со мерките за намалување на аерозагадувањето тие не придонеле во поголем обем за за подобрување на состојбите.

-Иако имаше субвенции за инвертери, по некое мое истражување 80 отсто од тие што купиле се уште користат барем по уште едно ложиште на цврсто гориво, објаснува Д-р Давидовски.

Со мерењата на мониторинг станицата е евидентирано  дека во 2020 година од 365 денови имало 138 денови за загаден воздух односно надминување на дозволената гранична вредност од 50 ПМ10 на метар кубен.

Најмногу имало по 28 дена со загаден воздух во јануари и декември, ноември со 27 итн. Јуни, јули и август биле месеците кога немало ниту еден ден со отровните ПМ10 честички.Во 2019 година Тетово имаше 88 денови чист воздух, 120 со загаден и 157 без податоци.

ас

Поврзани објави

Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Следна објава

СВР Тетово со потсетување-од денес задолжително носење на зимска опрема во возилата

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.