• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
понеделник, 15 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Теми и интервјуа

Само 40 отсто од мајките ги дојат бебињата, но тоа не носи здрав живот на бебињата како возрасни

18/07/2022
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Илинка Билбилоска, иако како медицинска сестра е во пензија, се уште ja бараат млади мајки за да им дава совети околу доење, затоа што во болниците наместо препораки  како да ги дојат бебињата, тие добиваат сугестии кое вештачко млеко да го купат. Таа алармира дека тоа што се помалку бебињата се хранат поинаку од природниот пат, го доведува во опасност нивното здравје понатаму во животот.

Според неа веднаш по раѓањето треба да се направи првото доење. Препорачува да се избегнува вештачкото млеко и вештачките брадавици.

-Доенчето има најголем нагон за цицање после пола саат после породувањето. Мајчиното млеко е незаменливо. Ни едно млеко не може да го замени мајчиното млеко. Тоа млеко што се дава, со формула што се вика тоа е од кравјо млеко само што е модицифицирано, објаснува Билбилоска.

Младите мајки иако излегуваат од болници, не ни знаат како да ги дојат бебињата, а Илинка вели дека тоа им се објаснува само со неколку реченици.

-На доенчето треба да му ја допре брадавицата на горната усна. Да ја отвори устата доенчето многу, и тогаш која му е многу отворена устата му го навлечува, му ја става дојката што подблабоко внатре во устата. И кога влегува дојката подлабоко во устата не доаѓа до повреда на брадавицата. И има успешно доење. Доенчето лесно цица и не голта воздух, рече таа.

Таа препорачуваа доењето да стане практика уште во неонатолошкото одделение, за да се избегнат случаи поради неправилно доење да дојде бебето да одбива цицање или повреди на градите кај мајките.

-Ги одбиваат мајките доенчињата од голема траума што се случува со дојката, вели Илинка Билбилоска

Билбилоска три децении била дел од тетовското советовалиште мајки со доенчиња. Светската здравствена организација препорачува за првите 6 месеци хранење само со доење, а според статистиките тоа го прават мајките само на 40 отсто од бебињата

Од Тетово за ТВ Алфа – Александар Самарџиев

Поврзани објави

Вести

Лебот достигнува рекордно високи цени, народот се плаши како ќе го купува

09/08/2022
Теми и интервјуа

Тетово нема саглам пешачки премини, пешаците се расправаат со возачите

03/07/2022
Теми и интервјуа

За реставрација на фрескоживописите во црквите нема доволно конзерватори за ѕидно сликарство

19/06/2022
Вести

Дека не запира трендот на иселување од државата покажуваат и најновите бројки од уписите во училиштата

18/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари се соочија со оштетување на опремата и возилата гаснејќи го пожарот во поранешниот тутунски комбинат „Македонија табак“

07/06/2022
Теми и интервјуа

Дел од пензионерите имаат 10 илјади денари пензија, па се мачат како да платат сметки и да се прехранат,во време кога секојдневно се зголемуваат цените на храната

03/06/2022
Следна објава

Заталкан куршум завршил во соба од куќа во Челопек-нема повредени

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.