• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Свадбите и не почитување на мерките причина за драстично зголемување на хоспитализирани поради ковид-19 во Тетово

04/08/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Драстични зголемување на луѓе кои мора да бидат на болничко лекување се бележи во Тетово, каде три капацитети се искористени за хоспитализирани пациенти. Во инфективното одделение, во интерното одделени и во модуларната билница има 26 луѓе кои се на болничко лекување. Исто така Тетово покрај Скопје има и најголем број на новозаразени пациенти.

-Не знаеме дали е тој четврти бран или не, како и да е  оди во тој правец, вчера имавме 64  амбулантски прегледи, тоа не сме го имале уште од есенскиот бран. Од тие прегледи очекуваме и нови хоспитализирани. Навистина е алармантно во споредба со лани овој период кога беше поблаго и подобро.  Ако ме прашувате за новоинфицирани, тоа е резултат на зголемен број на тестирања, некои патуваат, некои се враќаат назад, тоа е еден фактор. Зголемување на хоспитализираните пациенти е поради мерките- како да заборавија граѓаните на пандемијата, не носат маски, нема дистанца, има групирање итн. Овие свадбени или други свечености што се организираат свечени тоа допринесува да имаме зголемен број на позитивни пациенти во болница, изјави д-р Гзим Нуредени, координатор во Ковид центарот.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од болничко лекување пуштена е во употреба е и модуларната болница, а се оценува алармантна дека е состојбата.

-Модуларната болница веќе има четири пациенти, тоа функционира нормално. Ќе менаџираме според насоките што ќе ги даваат лекарите од ковид центарот, инфектолозите, како ќе речат тие така ќе ќе се направи. Според мислење нивно дали таму да одат пациенти кои се најитни, како со срцеви проблеми или поинаку. Има и во инфективно и во интерно одделение, алармантна е состојбата. Гледаме дека луѓето се олабавени, а за жал пациентите се стари лица кои надвор не излегле. На младите не им е гајле ама жртва се старите дома. Доаѓаат овде постарите и велат дека не излегол никаде, сите фактички што се гледат по свадби и и што се надвор тие ги заразуваат своите дома. Тие што се жртва и седат дома изолирани и ќе бидат инфицирани.  Сите што побргу да се вакцинираат, вакцинита помага, клиничка слика ќе биде полесна кај секого.

Од хоспитализираните 26 пациенти само еден не е на кислородна поддршка.

-Што се однесува до вакцинален статус , четири од нив се вакцинирани само со една доза, еден пациент е комплетен вакциниран, тој е релативно добро.  Пациентот е некаде на 67-тина години, што се однесува до возраста на пациентите имаме 31, 37 години, и другите се над 65 години. Сите овие пациенти се со прекумерна телесна тежина, имаат и други коморбидитети, со срцева слабост, бубрежни проблеми и некои се со респораторни хронични болести, рече Нуредини

Меѓу хоспитализираните се и пациенти се и печалбари дојдени од Германија и Италија, се јавуваат и кластери како и изолирани случаи.

А.С

Поврзани објави

Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Следна објава

Пронајдени околу 100 стебла канабис во нива кај Теарце

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.