• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Свечена промоција на романот „Старецот и короната“ на Јован Дамјановски

02/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово вчера се одржа свечена промоција на најновиот 18-ти роман „Старецот и морето“ на тетовскиот писател Јован Дамјановски. Промоцијата се одржа во концертната сала на државното музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ каде промотивно обраќање имаше Даријан Сотировски.

Промоторот истакна дека има голема чест како млад човек да го прочита романот пред излегувањето и да се соочи со психолошка драма и филозофски роман. Според него, во фокусот на авторот е она што сите го добиваме без да го бараме,а тоа е нашиот живот.

 -Авторот низ сите свои дела, а особено во 18-тиов роман ја анализира суштината на животот. Човекот се соочува со последиците на нас самите, човекот ја заборави својата приорда и светот почнува да живее во една состојба на себичност во епохални размери. Овој човек е симптом на она што е болно нашето општестовото.  Короната кризата удри во темелот на урнисаната човечка цивилизација. Тогаш сите ние исплашени почнавме да го чувствуваме негативниот епилог на денешната цивилизација и да се плашиме за животот, посочи Даријан Сотировски.

Авторот во своето обраќање порача дека феноменот на литературата е да се направи допир до животот. Со овој роман но и претходите психиолошки драми рече дека се обидува да ги забележи животите на луѓето кои незабележливо минуват низ времето и просторот.

-Се обидувам да се најдам и самиот себе си но и да го најдам вистинскиот човек. Во мојата книжевна работа се обидувам да се служам со филозофската докторина толстоевштина која вели дека човекот не само добар или само лош, туку го живее животот со сите карактеристки во зависност од условите. Воедно водејќи се од големиот психолог, таткото на комплексната аналитичка психологија и голем мајстор и научник за развој на човековата личност Карл Густва Јунг ги опишувам луѓето кои живеат под маски, обезбедуваат мислење за себе такви какви што тие сакаат да обезбедат, а не како што вистински се во животот. Извлекувам паралела со користењето на маските за заштита од коронавирусот, со маските кои луѓето ги имаат ставено за да се заштитат повторно од другите луѓе, рече Дамјановски.

Дел од промоцијата беше и настапот на музичкото триое Шербет кои ја отворија програма со песна на Јован Дамјановски и Андро Апостолски, „Тетово граде мој роден“. 

Издавач на романот е Матица Македонска. Корицата на книгата е илустрирана со цртеж од тетовскиот академски сликар Павле Кузмановски.  Авторот Дамјановски е роден 1946 година во Тетово, доктор на науки и универзитетски професор, член на Друштвото на писателите на Македонија од 1992 година. Покрај на романи, автор е и на книги со раскази, драми и сценарија.

ас

Поврзани објави

Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Вести

Дете повредено со нож од друг малолетник

30/01/2023
Следна објава

Ден на хрватската култура во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.