• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Свечено отворање на правна клиника на Универзитетот во Тетово

28/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На Универзитетот во Тетово денес беше свечено пуштена во употреба Правна клиника. Оваа училница ќе биде место каде практична настава ќе имаат студентите на Правниот факултет. Формирана е со финансиска помош од американската амбасада. 

-Правната клиника е всушност важен дел од целата наша работа за поддршка на правосудниот сектор во Северна Македонија бидејќи тoa е инвестиција во луѓето кои ќе направат најголема разлика, а тоа се младите лидери, млади идни обвинител, судии, адвокат, борци за човекови права, тие се иднината и тие заслужуваат професионално место каде што ќе можат да го вградат своето образование, теоретска обука со практично искуство што ќе ги доближат до луѓето на кои ќе им служат, изјави амбасадорката Кејт Мари Брнс.

Таа пред една недела потенцираше дека само осум проценти од граѓаните имаа доверба во судството и потребно е да се врти вербата во овој систем.

– И мислам дека како и секогаш во секоја земја во светот младите се најдобрата надеж, најдобрата надеж и најдобрата инвестиција.Овие млади луѓе со својот интегритет и етика им пристапуваат кон кариерите во правото, тие имаат силна поддршка од оваа неверојатна академска заедница зад себе, професори кои го инвестираат своето време и енергија со нив, изјави амбасадорката денес во Тетово.

Деканот на правниот факултет Ќебир Авзиу истакна дека Универзитетот за практичната настава на студентите ќе анализира кој претставници на правосудниот систем ќе бидат повикани.

-Сепак имаме чесни судии, чесни јавни обвинители и многу вредни адвокати, и ние преку овој процес ќе ги селектираме тие што се од таа природа.  Оваа клиника има за цел да се воведе практична настава кај нашите студенти, и затоа ќе повикуваме судии, обвинители, нотари и експерти по право кои ќе ги споделуваат искуставата. Од сега наместо теорија ќе имаат и практика, изјави Авзиу.

На три македонски универзитети се отворени Правни клиники со помош на американската амбасада.

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

СВР Тетово со потсетување дека родители кривично ќе одговараат ако ги инволвираат децата на питачење

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.