• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Свечено отворен Инфо Центарот за Шар Планина на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово

16/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово организираше пригодна свеченост по повод основањето на Инфо Центарот за Шар Планина. Овој центар претставува поддружница на клубот со два вида на активности.

-Првата активност ќе биде прибирање на информации од сите засегнати страни кои функционираат во регионот на Шар Планина, споделување на истите информации на корисниците, како што се функционалноста на планинарските патеки, сместувачките капацитети, услуги од типот на водичи, транспорт, угостителство, ракотворби како и промовирање на овие услуги пред туристите.Вториот сегмент е продажбата на сувенири и планинарска опрема, изјави Јован Божиновски, претседател на „Љуботен“.

Планинарскиот клуб годинава бележи 97 години постоење и низ годините било вклучен во поголемиот дел од активностите кои се случувале на Шара.

-Така се роди и оваа идеја за инфо центар. Клубот кој бил активно вклучен во сите активности насочени кон реализација на целта Шара да биде национален парк, сега со овој проект уште повеќе ќе придонесе заедно со сите засегнати страни да се промовираат вредностите на Шара да ја зачуваме таква каква што е за идните генерации да доживеат како и ние денес, посочи на свеченоста Божиновски.

Канцеларијата на Инфо Центарот за Шар Планина е во објект веднаш до клупските простории во Тетово. Во иднина се планирааат и едукативни посети и работилници.

По настанот присуните имаа можност да проследат филмски проекции во рамки на „ЕХО“ фестивалот на планински филм кои се одржаа во големата сала на музичкото училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“.

ас

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Вести

Дете повредено со нож од друг малолетник

30/01/2023
Вести

СВР Тетово: Изминатиот викенд еден малолетник затекнат во угостителски објект на улица „ЈНА“

30/01/2023
Следна објава

Романот „Старецот и короната“ на Јован Дамјановски посветен на најголемиот предизвик по човекотото здравје на целата планета

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.