• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 29 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово апелира да не се користи оружје на свадбите

Секторот за внатрешни работи Тетово денес упати апел до граѓаните да не употребуваат огнено оружје на семејните веселби и свадби со оглед дека минатите години чести беа случаи на повредени лица и оштетени возила и друг имот.

06/07/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово денес упати апел до граѓаните да не употребуваат огнено оружје на семејните веселби и  свадби со оглед дека минатите години чести беа случаи на повредени лица и оштетени возила и друг имот. Исто така апелираат и  да не организираат огномети на недозволен начин.

Од средината на јуни и во текот на следните два месеци на поширокото Полошко подрачје, се организираат голем број на свадби и други семејни веселби. Во минатото ваквите веселби се карактеризираа со нарушување на јавниот ред и мир, во поголемиот број на случаи со употреба на огнено оружје или со нелегално организирање на огномети и употреба на разни видови на пиротехнички средства. Резултат на тоа беа повеќе повредени лица и оштетени возила и друг имот, се вели во апелот на СВР Тетово .

Од таму соопштуваат дека во периодот што следи дека ќе има зајакнати контролните активностите со цел да се превенираат и санкционираат ваквите појави

Напоменуваат дека пукањето со огнено оружје е спротивно на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и дека глобата за ваков вид на прекршок се движи од 200 до 500 евра во денарска противвредност.

Освен ова, во зависност од последиците, пукањето може да се смета и како кривично дело „предизвикување општа опасност“ за кое е предвидена затворска казна од една до пет години, се потенцира во апелот.

На граѓаните им посочуваат дека и организирањето на огномети треба да се пријавува во полициска станица или полициските одделенија во реонот каде што ќе се организира. Во зависност од категоријата, организаторите треба да ги преземаат предвидените превентивни мерки за да се избегнат несакани последици.

Тагови: апелиракористиоружјесвадбитеСВРТетово

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен со победа во среда повторно ќе го освои првенството

29/05/2023
Вести

Наградата за најдобра претстава за деца и младинци за „Црвенкапа“ на Летечка театарска трупа-Тетово

29/05/2023
Вести

Вчера од 14 до 19 часот санкциониран 31 мотоциклист, најмногу за немање заштитен шлем

29/05/2023
Вести

Искажани завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресуда на 5 јуни

29/05/2023
Вести

Трет обид за завршни зборови во судскиот процес за обвинетите во модуларната болница

29/05/2023
Вести

ФК Тетекс обезбеди опстанок во Втората македонска фудбалска лига

28/05/2023
Следна објава

Целосна реконструкција на градинка и нов објект во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!