• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

СВР Тетово апелира на внимателност поради опасност од пожари

Граѓаните да бидат постојано внимателни доколку се движат или работат во полето и низ шумите, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати догорчиња и опушоци.

22/07/2019
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Cекторот за внатрешни работи Тетово со апел до граѓаните да бидат значително повнимателни поради потенцијалната опасност од пожари кои можат да се јават со оглед на високите температури, а од друга страна тековните работи на земјоделските површини и на излетничките места каде се пали оган. Потсетуваат дека има затворски казни за утврдена вина при предизвикување пожар.

-Граѓаните да бидат постојано внимателни доколку се движат или работат во полето и низ шумите, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати догорчиња и опушоци. На тие кои ќе бидат на излетничките места во регионот, им се укажува да се воздржат од  палење огнови, кои неизгаснати брзо можат да пламнат и да се прошират наоколу, а со тоа да предизвикаат и  материјални и други последици од големио размери. Им се советува, исто така, на отворен простор да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да причинат пожар, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Од тетовската полиција потсетуваат дека секој кој на било каков начин ќе предзвика пожар ќе се соочи со ригорозни законски импликации, а за што е предвидена и затворска казни од 6 месеци до 8 години, зависно од видот на пожарот, околностите и крајните последици.

Секторот за внатрешни работи Тетово и на терен презема мерки за советување на граѓаните со цел превентивно да дејствува во избегнувањето пожари.

 

Тагови: апелпожарсвр тетово

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Самостојна изложба со иконографскa резбарија на Мирче Аврамоски во Уметничка Галерија Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.