• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 4 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово: Во средно училиште приведени ученици кај кои била најдена марихуана

17/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од тетовската полиција информираат дека вчера во средно училиште имало приведување на ученици кај кои била најдена марихуана. Според информацијата на СВР Тетово малолетниците се лишени од слобода во присуство на нивни родители.

 -Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (16 март) околу 18 часот и 45 минути, во двор на тетовско средно училиште, во кое учеле, во присуство на нивните родители, лишиле од слобода двајца малолетници од тетовско село затоа што кај кои била пронајдена марихуана. Се расчистува и документира случајот, по што ќе биде изготвен соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во текот на вчерашниот ден приведени се уште три лица кај кои при преглед е најдена марихуана.

-Околу 21 часот и 20 минути, на регионалниот пат во тетовско Долно Палчиште, лишени од слобода се А.К.(24), М.С.(29) и Ф.И.(23), тројцата од ова село, затоа што при нивен и преглед на возилото „форд“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превзувале, а што го управувал А.К. била пронајдена марихуана. Тројцата се задржани во Полициската станица, информира Јосифоски.

Во билтенот на случувања евидентирано е дека и во  кругот на Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово била пронајдена марихуана, по што е направен увид.

ас

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Тетовските планинарски клубови со поддршка за иницијативата „Тетово сака парк“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.