• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово : Електрични тротинети да се возат на тротоари, а не на улиците

17/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовската полиција вчера казни осум лица кои возеле електрични тротинети на несоодветни места по улици наместо на тротоари и обележани патеки. Поради ваквите зачестени примери СВР Тетово апелира до населението да се придружува до законските обврски.

-Електрични тротинет најчесто ги управуваат помлади лица, кои од незнаење или други причини не секогаш се придржуваат на законските прописи предвидени за оваа категорија учесници во сообраќајот. Само во завчерашната акциска контрола спроведена во Тетово биле изречени 8 мерки кои се однесувале на лица што управувале електрични тротинети. Поради ова, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира ваквите тротинети да се движат исклучиво по наменски обликувани патеки или по тротоари, таму каде што нема патеки, а не по улици, вели портпаролот Марјан Јосифоски.

Се апелира, оние што ги управуваат тротинетите задолжително да носат заштитни кациги и рефлектирачки елеци, доколку се движат навечер или рано наутро. На лицата што ги управуваат им се советува да не ги управуваат со една, туку со две раце, да не превезуваат други лица на нив или водат животни на ремен.

-Во спротивно ќе бидат адекватно санкционирани, односно ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци и, зависно од видот на направениот прекршок, ќе се соочат со парични глоби кои се движат од 50 до 80 евра во денарска противвредност, вели портпаролот.

Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека во наредниот период претстои зголемена сообраќајна фрекфренција на подрачјето, поради што и лицата кои се движат со електрични тротинети треба да бидат максимално внимателни, да ја прилагодат брзината и целосно да се придржуваат на важечките правила и прописи, регулирани со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. 

Поврзани објави

Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Вести

Дете повредено со нож од друг малолетник

30/01/2023
Следна објава

Дека не запира трендот на иселување од државата покажуваат и најновите бројки од уписите во училиштата

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.