• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово започна со контроли за незаконски поставени светлосни и звучни уреди на возилата

Паричната глоба за физичките лица изнесува 300, а за правните лица 2000 евра во денарска противвредност.

23/09/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово започна со контролни и други мерки за откривање и законско санкционирање на возила кои, спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, имаат вградено и користат уреди за давање посебни светлосни и звучни знаци, попознати како „флешери“.

Сите кои незаконски користат вакви уреди се санкционираат со изготвување на соодветни поднесоци, согласно членовите 138, 139 и 140 од споменатиот Закон. Паричната глоба за физичките лица изнесува 300, а за правните лица 2000 евра во денарска противвредност. Со цел уште еднаш поблиску да се информираат за начинот на користење на уредите за давање посебни светлосни и звучни знаци, но и за законските импликации доколку се злоупотребат истите од физички или правни лица, Отсекот за превенција на СВР Тетово ќе оствари средби со одговорните лица во сите локални самоуправи на подрачјето, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека ваков вид уреди можат да користат само возила со кои полицијата или воената полиција врши придружба, како и возила со право на првенство на минување како што се медицински, противпожарни и други вид возила.

 

А.С

 

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Тетовчанката Магдалена Несторовска повторно именувана за државна секретарка во МВР

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!