Откако стапија на сила измените во законот за безбедност во сообраќајот на патиштата во декември поради истечена регистрација во тетовскиот регион полицијата има одземено 22 возила, бележи СВР Тетово.
-Возилата се одземаат поради истечена регистрација повеќе од 6 месеци. На подрачјето на Тетово времено биле одземени вкупно 22 возила како и едно возило поради бучавост. Возилата ќе бидат задржани 90 дена, додека на нивните сопственици ќе им бидат изготвени поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Вчера навечер од 20 часот до 2 часот утринава при акциска контрола за алкохол, 5 возачи поради таква состојба биле исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци. При контролата, санкционирани се и 18 други видови прекршоци.
А.С