• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово: Месецов подигнати над 200 погрешно паркирани возила

25/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовската полициска станица за безбедност на патниот сообраќај неделава уште повеќе ги интензивираше континуираните активности за поголем ред и безбедност со паркирањето во градот, информира СВР Тетово.
 
Само вчера биле санкционирани 17 непрописно, односно погрешно паркирани возила, од  кои 14 биле и подигнати од тетовската „пајак-служба“, зашто го попречувале нормалното движење на другите учесници.
 
-Од почетокот на овој месец досега вкупно биле подигнати над 200 погрешно паркирани возила, претежно во централното градско подрачје, каде е и најголема секојдневната сообраќајна фрекфренција. СВР Тетово уште еднаш со апел до возачите, односно сопствениците на возилата, да не ги паркираат на недозволени места, на тротоари, во зона на крстосници и слично, а посебно да избегнуваат паркирање во таканаречени „двојни редови“.Со тоа, најнепосредно ќе придонесат за побезбедни улици во Тетово, по кои непречено ќе можат да се движат и пешаци, велосипедисти и други учесници во сообраќајот, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
 
За погрешно паркираните возачи предвидени се парични глоби, кои за овој вид прекршоци се движат од 45 до 180 евра во денарска противвредност. Од 28 јануари за подигнато возило од „пајак-службата“ во рамки на зонското паркирање наплаќа и казна од 1800 денари.
 
ас

Поврзани објави

Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Следна објава

Притвор за 45 годишник кој предизвикал пожар во куќа на роднина

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.