• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

СВР Тетово на локалните самоуправи им укажа на потребите за интервенции со цел безбеден сообраќај во зима

08/11/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp
Во пресрет на зимската сезона тетовската полиција одржа состаноци со локалните самоуправи во полошкиот регион за да им укаже од потребата соодветно да интервенираат со цел да има безбеден сообраќај во зимски услови.

 -Полициски службеници на СВР Тетово периодов во Тетово и Гостивар остварија средби и состаноци со претставници на локални самоуправи на подрачјето и претпријатија и фирми кои во текот на претстојната зима ќе бидат задолжени за одржување на патиштата и тротоарите и ги запознаа со нивните обврски. На состаноците посебно им беше укажано на законските импликации за нередовно и неквалитетно отстранување на снегот од патиштата, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

 Секторот за внатрешни работи Тетово, исто така, ги потсетува возачите дека за една недела, односно од 15-ти овој месец ќе стапи во сила законската обврска за задолжително поседување, односно носење на зимска опрема, која ќе се спроведува до 15-ти март идната година.

-Во овој период, согласно Законот за безбедност на патниот сообраќај, возачите ќе треба да поседуваат синџири за снег, соодветни за димензиите на пневматиците на возилото или адекватни зимски пневматици.Оние кои без зимска опрема ќе тргнат на пат ќе се соочат со  поднесоци и парична глоба од 45 евра во денарска противвредност и ќе бидат исклучени од сообраќај, особено ако се отежнати условите за движење на возилата, потенцира Јосифоски.
 
И понатаму од СВР Тетово со апел до возачите да се прилагоди брзината според условите на патот, особено во раните утрински и доцните вечерни часови, кога обично коловозите се влажни и лизгави и кога е можна појава на голомразица на повисоките места, особено кон Маврово, Стража и Попова Шапка.

ас

Поврзани објави

Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Вести

СДСМ Тетово: Разговараме со граѓаните за подобрување на инфраструктуратa, празната реторика ја менуваме со вистиски дела

08/08/2022
Вести

Влатко Ѓорчев : Приемот меѓу луѓето е одличен, а тоа гарантира победнички резултат на ВМРО ДПМНЕ

08/08/2022
Следна објава
Модуларна ковид болница по пожарот

Обвинителството се уште прибира докази за утврдување кривична одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.