• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 29 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово периодов ќе има поголема контрола на мотоциклистите

11/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово, покрај другите сообраќајни приоритети, овој и наредниот месец посебен акцент ќе им стави на мотоциклистите, а кои деновиве се проприсутни на тетовско-гостиварското подрачје.

Со цел нивна поголема безбедност повторно се апелира задолжително да ја поседуваат и носат пропишаната заштитна опрема и пред се заштитен шлем, односно кацига. Зашто, оние кои ги управуваат мотоциклите без ваква опрема ќе се соочат со соодветни поднесоци и парична глоба од 45 евра во денарска противвредност.

-До нив се апелира, исто така, навреме да ги регистрираат мотоциклите, бидејќи паричните глоби за истечена регистрација се движат од 100 до 500 евра, а доколку мотоциклите не се регистрирани повеќе од шест месеци предвидено е одземање на истите до 90 дена. Ако,пак, се управува без соодветна категорија глобата изнесува 250 евра во денарска противвредност. Секторот за внатрешни работи Тетово ги потсетува мотоциклистите да внимаваат на бучавоста што ја создаваат. Доколку се утврди поголема бучавост од дозволената, законски предвидено  е одземање на мотоциклите, исто така, до 90 дена, вели портпаролот Марјан Јосифоски. 

Полициските службеници на СВР Тетово веќе ги засилија планираните контролни активности кои во наредниот период уште повеќе ќе се интензивираат, како и контролните активности во чие средиште ќе бидат пешаците, односно како кон нив се однесуваат возачите, но и како тие се однесуваат во сообраќајот.

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен со победа во среда повторно ќе го освои првенството

29/05/2023
Вести

Наградата за најдобра претстава за деца и младинци за „Црвенкапа“ на Летечка театарска трупа-Тетово

29/05/2023
Вести

Вчера од 14 до 19 часот санкциониран 31 мотоциклист, најмногу за немање заштитен шлем

29/05/2023
Вести

Искажани завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресуда на 5 јуни

29/05/2023
Вести

Трет обид за завршни зборови во судскиот процес за обвинетите во модуларната болница

29/05/2023
Вести

ФК Тетекс обезбеди опстанок во Втората македонска фудбалска лига

28/05/2023
Следна објава

Уметничка Галерија Тетово со пет дена активности по повод Светски ден на уметноста

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!