• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово повторно со апел да се не се палат стрништа по ниви за да се избегнат пожари

23/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово  повторно со апел и предупредување до земјоделците, но и до сите други да бидат крајно внимателни кога се движат или работат во полето и посебно да не ги палат стрништата, меѓите и сувата трева, зашто огновите брзо можат да се прошират, а посебно ако времето е ветровито. Се апелира, исто така, на целосна внимателност и на излетниците кои за викендите престојуваат на отворено и неретко палат огнови и потоа заминуваат од местата.

-На тој начин ризикуваат да се соочат со ригорозни законски санкции, односно со соодветни поднесоци и треба да знаат дека затворските казни за намерно предизвикување пожар се движат од 3 до 8 години (согласно член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот, причините за неговото настанување и другите околности и последици. Во наредниот период, исто така, координирано со други институции, ќе се засилат и секојдневните контроли на подрачјето, во функција на брзо откривање и ефикасно санкционирање на сите оние кои намерно или од невнимание предизвикуваат полски, шумски или други пожари.Ова, дотолку повеќе што претстојат потопли денови кога риизиците за избувнување на пожари ќе бидат уште поголеми, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. 
Со оглед на тоа што деновиве значително зголемена е вкупната динамика на подрачјето, пред се на полошките ниви, Секторот за внатрешни работи Тетово веќе презема координирани превентивни и други мерки, кои во наредниот период уште повеќе ќе се интензивираат, со цел навреме да се пресретнат можните причини за настанување на пожари.

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

Полицијата вчера од 12 до 16 часот казнуваше за неправилности во јавниот превоз на ученици

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.