Секторот за внатрешни работи Тетово денеска (18 март ) до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од скопско Рашче и против Н.И.(48) од скопско Долно Свиларе поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.
-Физичкото и правно лице се сомничат дека на 10 јануари оваа година, вршејќи јавен превоз на патници со минибус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки на релација Скопје-Попова Шапка-Скопје, постапиле спротивно на владината одлука со која се ограничувал капацитетот во возилата од јавниот превоз на 50 проценти од вкупниот број патници предвидени за тоа возило, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.