Тетовската полиција информира дека е расветлена кражба на 400 илјади швајцарски франци, а за тоа осомничени се брат и сестра на 56 и 66 години. Парите се украдени од жител на Мала Речица инаку сопруг на 66 годишната жена.
-Секторот за внатрешни работи Тетово, поднесе кривична пријава против А.Х.(65) од тетовска Мала Речица и нејзиниот брат С.С.(56) од Босна и Херцеговина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Двајцата се сомничат дека во периодот од 4 до 8 јуни годинава, А.Х. му помагала на нејзиниот брат С.С. да украде 400.000 швајцарски франци од А.Џ.(80) од Мала Речица, кој е нејзин сопруг и да избега во Босна и Херцеговина, информираат од СВР Тетово.
Полицијата кривичните пријави ги има доставено до Основното јавно обвинителство Тетово