Тетовската полиција денес информира дека е откриен малолетникот кој на социјалните мрежи објави видео како уринира врз државното знаме. Воедно и дека за малолетникот се поднесени соодветни пријави до Обвинителството.
-СВР Тетово целосно го расчисти случајот со сквернавењето на државното знаме на Република Северна Македонија од страна на момче, кое снимило и видео и потоа го објавило на социјална мрежа на интернет. Во текот на вчерашниот ден 16 март во полициската станица Тетово повикан е 16-годишник од Tетовско, со кого во присуство на неговиот родител, извршен е службен разговор и по целосното документирање на случајот, на малолетникот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 319 и 394 од Кривичниот законик, кој ќе биде поднесен до Основното јавно обвинителство Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Малолетникот го објави видеото на социјална мрежа „Тик-ток“.
А.С