• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово со апел граѓаните да се воздржат од пукање на свадби

21/06/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со оглед дека минатите години пред ковид-кризата при одржувањето  на летните свадбени веселби често пати се случуваше да се пука од огнено оружје од тетовската полиција упатуваат апел тоа да не се прави поради опасностите од повреди, фатални исходи како и соочувања со законски последици. Со цел навреме да се превенираат и ефикасно да се спречат овие појави,  Секторот за внатрешни работи Тетово апелира граѓаните да се воздржат од пукање со оружје, како и од неовластено организирање огномети.

-Овој и наредните два месеца, посебно во јули, на поширокото полошко подрачје веќе се закажани и ќе бидат организирани голем број свадбени и други свечености. Ваквите свечености минатите години, неретко се карактеризираа  и со повремени нарушувања на јавниот ред и мир со пукање од огнено оружје или  неовластено приредување огномети, односно употреба на разновидни пиротехнички средства, кои беа законски санкционирани, вели портпаролот Марјан Јосифоски.

Марјан Јосифоски 15621
Од СВР Тетово потсетуваат дека пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а глобата за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31). Зависно од последиците, може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик).

-На граѓаните, исто така, им се укажува дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а  организаторите навреме да ги преземат пропишаните превентивни мерки. Секторот за внатрешни работи Тетово во месеците кои претстојат, во значителна мерка ќе ги засили контролните активности на планот на откривање и санкционирање на ваквите нарушувања на јавниот ред и мир и конкретно и ефикасно ќе постапува, истакна Марјан Јосифоски.

На 30 јули 2019 година СВР Тетово бележи двајца повредени кои поради пукање на свадба се здобиле со рани во градите. Чести се и пријавите до СВР Тетово за заталкани куршуми и оштетувања на возила и објекти во летните месеци и периодите на одржување на свадбите.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Вести

Кај Групчин две лица потешко повредени и тројца луѓе со телесни повреди по излетување на возило

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Следна објава
бензин горива нафта

Се зголемуваат цените на нафтените деривати

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!