• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово со апел да се избегнуваат лажни пријави

Чести се случаите за еден настан полицијата да добие две различни пријави од учесниците, па оттаму апелот на СВР Тетово граѓаните да избегнуваат лажно пријавување.  Од полицијата посочуваат дека и не е важно кој прв пријавил туку одговорноста на учесниците во тие настани.

14/09/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Чести се случаите за еден настан полицијата да добие две различни пријави од учесниците, па оттаму апелот на СВР Тетово граѓаните да избегнуваат лажно пријавување.  Од полицијата посочуваат дека и не е важно кој прв пријавил туку одговорноста на учесниците во тие настани.

-Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека лажното пријавување на кривично дело, исто така, претставува кривично дело за кое е предвидена и затворска казна од 3 месеци до 3 години (член 366 од Кривичниот законик). На граѓаните им се укажува и тоа дека лажното повикување на помош или предизвикување излегување на службено лице на државен орган или на јавна служба се санкционира со изготвување на соодветен поднесок и со  парична глоба од 100 до 400 евра во денарска противвредност, согласно член 16 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, се вели во денешниот апел на СВР Тетово.

Со оглед дека се прават разни обиди од граѓаните да се јавуваат кај полицајци, од СВР Тетово со напомена дека единствено валидна телефонска пријава е повикот кон бројот 192.

-Граѓаните сите безбедносни настани и појави да ги пријавуваат на бесплатниот телефонски број 192 , за да може брзо и ефикасно да се реагира и да се преземат потребните мерки и активности. Пријавувањето на телефонскиот број 192 со точни податоци (време, место и содржина на слученото) им овозможува на службите на СВР Тетово оперативно да се подготват и максимално професионално да постапат во реализација на законски предвидените задачи, потенцираат од СВР Тетово.

А.С

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Практични предавања за млади како да се пружи прва помош

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!