• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово со едукативна кампања „Носи кацига-биди внимателен и одговорен учесник во сообраќајот“

12/07/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

СВР Тетово од денеска ја спроведува превентивно-информативно, едукативна кампања „Носи кацига-биди внимателен и одговорен учесник во сообраќајот“. Тоа е заедничка соработка на тетовската сообраќајна полиција, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност. На неколку пункови во Тетово делеа наменски изработени флаери.

-Целта на кампањата е да се подигне јавната свест и поединечната и заедничка култура кај овие категории учeсници во сообраќајот, дотолку повеќе што не мал број мотоциклисти посебно, но и велосипедисти и „тротинетисти“ во Полошкиот регион некористат вакви кациги, со што најнепосредно ја доведуваат во ризик сопствената безбедност.Ова, дотолку повеќе што нивниот број на тетовските и гостиварските улици деновиве  значително е зголемен, како и на моторни возила, така што повеќе од неопходна е максимална внимателност, односно претпазливост и целосно почитување на сите сообраќајни знаци, правила и прописи, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Поделени се флаери на македонски и албански јазик, со пораки и совети до велосипедистите, мотоциклистите и лицата кои управуваат електрични тротинети, како и каде безбедно да се движат, на што посебно да внимаваат во сообраќајот и со укажување -задолжително да носат заштитна кацига, односно шлем.

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

Општина Тетово сака привремено да пренами дел од булевар во шеталиште, полицијата не одобрува

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.