• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово со интензивни контроли во угостителските објекти поради бучавост и присуство на малолетници

28/06/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово значително ги интензивираше контролните активности во угостителските објекти со оглед на зголемената раздвиженост поради летните месеци, а поради појавите на зголемена бучавост, присуство на малолетници и слично. Чести се пријавите до полицијата од страна на жители во станбени згради каде има угостителските објекти во приземните делови.

-Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до сопствениците на кафулиња, дискотеки и други угостителски објекти да внимаваат на јачината на музиката што ја пуштаат во нивните локали или ја свират музичките групи и истовремено ги потсетува дека глобата за ваквиот вид прекршок се движи од 200 до 500, односно до 1000 евра во денарска противвредност член 8 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.  СВР Тетово исто така апелира угостителите да не дозволуваат престојување на малолетници во објектите по 24 часот  ( член 21 од Законот за прекршоци против ЈРМ) и да не ги послужуваат со алкохолни пијалаци, бидејќи во тој случај ги очекуваат поднесоци и високи парични глоби од 1700 до 2000 евра во денарска противвредност, информира Марјан Јосифоски.

Полицијата со потсетување и дека за послужување алкохол на малолетниц угостителите можат да бидат и кривично гонети.

А.С

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Приведен 21 годишник откако бил пријавен за нарушен јавен ред и мир во казино

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!