• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово со потсетување – за брзо возење се одзема возачката дозвола

Автопатот Гостивар-Тетово-Скопје е местото каде најчесто службениците на полицисската станица за безбедност на сообраќајот утврдуваат големо надминување на брзината со која се управуваат возилата.

22/10/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Брзото возење освен што е причина за опасност по животот на возачите и сопатниците како и другите учесници во сообраќајот, може да значи и одземање на возачката дозвола, потсетуваат од тетовската полиција. Автопатот Гостивар-Тетово-Скопје е местото каде најчесто службениците на полицисската станица за безбедност на сообраќајот утврдуваат големо надминување на брзината со која се управуваат возилата.

Од СВР Тетово велат дека деновиве на тетовското подрачје континуирано се реализираат контроли за брзина, а сите прекршители законски се санкционирани со изготвување на соодветни поднесоци.

-Паричните глоби за овој вид прекршок, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност. Оние кои ќе ја пречекорат максимално дозволената брзина за 30, односно 50 километри на час, во населено место или на отворен пат, ќе се соочат и со заштитна мерка – времено одземање на возачката дозвола од три месеци до една година, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според портпаролот периодов исто така, ќе бидат засилени контролите и во тетовскиот јавен превоз, при што ќе се санкционираат сите возила кои немаат лиценци, како и оние кои превезуваат поголем број патници од предвидениот со најновата владина одлука за ограничување на капацитетот на 50 проценти.

А.С

 

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Од почетокот на 2020 досега 504 интервенции на тетовската пожарна

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!