• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 17 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

СВР Тетово со проект „Правата и обврските на децата“ – учениците се запознаваат со ризици од прекршување на законската регулатива

13/12/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Отсекот за превенција на Секторот за внатрешни работи Тетово привршува со практичната реализација на уште еден превентивно-едукативен проект „Правата и обврските на децата“, кој започна кон крајот на минатиот месец. Со овој проект вкупно ќе бидат опфатени околу 2300 ученици во деветто одделение од основните училишта на поширокото тетовско-гостиварско подрачје, кои следат настава на македонски, албански и турски јазик.  

-Целта на проектот е највозрасните основци непосредно да бидат информирани за нивните права и општествени, односно законски определени обврски, но и за ризиците кои ги носат разните пороци и прекршувања на законската регулатива. На посебни часови, стручно обучени полициски службеници поблиску ги запознаваат  учениците со нивните права, но и со обврските кон самите себе, семејствата и општеството, како и со законските импликации доколку се инволвираат во малолетничка деликвенција или други форми на девијантно и асоцијално однесување, информира порпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Според информациите на СВР Тетово на часовите, исто така, учениците интерактивно се интересираат, прашуваат и добиваат конкретни одговори околу темата и за други теми и прашања од безбедносна природа и карактер.

 

Поврзани објави

Вести

Николов: Оваа листа на советници е онаа којашто треба да ја добие поддршката на граѓаните и онаа којашто ветува добробит на граѓаните на Тетово

16/08/2022
Вести

Никола Столевски: Гласот на Македонецот во Тетово мора да се слушне во Советот на Општина Тетово

16/08/2022
Вести

Бисера Костадиновска-Стојчевска: Со глас за СДСМ и број еден, гласаме за европско Тетово

16/08/2022
Вести

Битиќи од Тетово: Инвестираме во економскиот и инфраструктурен развој на Тетово, во сабота да гласаме за советничката листа на СДСМ

16/08/2022
Вести

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски со повик за поддршка за советничката листа предводени од Ангел Карапетров

16/08/2022
суд
Актуелно

Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија

16/08/2022
Следна објава
МВР

Приведени двајца возрасни за напад врз 14 годишно дете во Брвеница

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.