Вчеравечер (28 декември) околу 23 часот и 10 минути, на крстосницата на улиците „Благоја Тоска“ и „Фуштанска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила:„шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(27) од Тетово и „фолксфаген голф“ со тетовски ознаки, што го управувал Н.И.(28) од тетовски Порој.Во несреќата возачот на „шкодата“ Б.И., задобил тешки телесни повреди, кои биле констатирани во тетовската Клиничка болница.
Четириесет и петгодишна тетовка вчера (28 декември) во 13 часот, во СВР Tетово пријавила дека два часа пред тоа, во објектот во кој работела и во семејниот дом, физички била нападната од нејзиниот 21-годишен син Д.А.Пријавениот Д.А. бил лишен од слобода на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, додека во домот му е пронајдена марихуана.Се расчистува и документира случајот и против Д.А. ќе следува соодветен поднесок.
Четириесет и четигодишна жителка на тетовско село, вчера (28 декември) во 21 часот и 45 минути, во СВР Tетово пријавила дека околу 16 часот и 30 минути во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.Р.(46).Пријавениот Т.Р. лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
Вчера (28 декември) во 17 часот и 20 минути, М.М.(60) од тетовско Раотинце во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот пред неговиот дом во Раотинце физички бил нападнат од соседот Ј.Т.(41). Ј.Т. повикан е во Полициското одделение Јегуновце и се расчистува и документира случајот.
Вчера (28 декември) во 12 часот, 67-годишниот тетовец Љ.Е. во СВР Тетово пријавил дека на улица „Илинденска“ во Тетово претходно бил каснат од куче-бездомник.
Тетовската полиција информира дека вчера (28 декември) околу 14 часот и 35 минути, на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Tетово го привеле А.И.(18) од Тетово, поради нарушување на јавниот ред и мир.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.