• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

СВР Тетово ќе ги едуцира учениците за безбедност на интернет

Секторот за внатрешни работи Тетово започна со практична реaлизација на нов превентивно-едукативен проект насловен „ Не биди жртва на социјалните мрежи-сурфај безбедно“.

28/02/2020
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово започна со практична реaлизација на нов превентивно-едукативен проект насловен „ Не биди жртва на социјалните мрежи-сурфај безбедно“.  Проектот го спроведува Отсекот за превенција, а целна група се учениците од основните училишта.

-Во рамките на проектот, кој се планира да трае до крајот на идниот месец, предвидени се посебни предавања во училиштата, на кои на учениците ќе им биде објаснето како и со кого да комуницираат на социјалните мрежи, а тие да не бидат злоупотребени, но и ќе им се советува да бидат максимално претпазливи во комуникацијата.  Покрај тоа, на учениците ќе им се укаже да не испраќаат нивни фотографии и видео материјали на непознати лица и особено не фотографии со експлицитна содржина. Учениците, исто така, ќе се предупредат и на можните ризици од нивно учество во видео-игри со елементи на насилство, самоповредување или други содржини на насилно и непримерно однесување, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Со овој проект ќе бидат опфатени над 3500 деветтооделенци од сите основни училишта на тетовско-гостиварското подрачје, кои следат настава во над 200 паралелки. За неговото спроведување задолжени се 20 претходно обучени полициски службеници.

А.С

Тагови: свр тетово проект

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Следна објава

Скопјанец во Тетово каснат од бездомно куче

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.